ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент на борбата со...

Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент на борбата со корупцијата

196

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент на борба со корупцијата и нема повеќе да бидеме сведоци на срамни коруптивни чинови”, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во гостување на ТВ Алфа во „За или против”.

Посочи дека ќе инвестираат во граѓаните, ќе се грижат за нивниот начин и живот бидејќи, рече, доста е веќе од оние популистички мерки кои ги гледавме изминатиот период.

Таа додаде дека младите се зрели и подготвени за на институционално ниво.

„Младите се зрели и подготвени работите да ги преземат во свои раце институционално и тоа го имаме во примери во претходниот состав на парламентот каде млади пратеници активно се залагаа за младинскиот животен стандард”, посочи Бојковска.