ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Тинејџер загина во сообраќајка на патот Куманово-Липково

Тинејџер загина во сообраќајка на патот Куманово-Липково

192

Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Куманово-Липково кај село Оризаре, Липковско.

Несреќата се случила кога автомобил „опел зафира“ со кумановски ознаки, управуван од Р.А. (21) од липковското село Никуштак, излетал од коловозот. Возачот се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Куманово, а сопатникот, 19-годишниот Р.А. од село Никуштак, починал на самото место.

„Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А. (19) од с. Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово.