ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонија не е спремна да се справи со евентуални шумски пожари

Македонија не е спремна да се справи со евентуални шумски пожари

45

Македонија во моментов не е спремна да се справи со гаснењето на шумските пожари. Имаме три ер трактори, но само еден пилот. Ако избие пожар во шума, не може да се надеваме ниту на пожарникарите од ЈП Национални шуми, кои први треба да интервенираат на терен, оти претпријатието немало пари за гориво. Па така, пожарите од воздух ќе се гаснат само со трите хеликоптери на полицијата, и во нужни ситуации може да се користи и оној на одбраната.

Директорот на ЦУК се надева дека новата Влада, ќе излезе во пресрет, па ќе донесе одлука за хонорарен ангажман на двајцата пензионирани пилоти на ер тракторите. Ангелов очекува и на првата седница да се одблокира сметката и на претријатието Национални шуми.

Пожарите не не штедеа уште од почетокот на годината. Со високите температури, се очекува дека најтешкото допрва доаѓа. Недостасуваат околу 600 пожарникари во државата, а најкритично е во бригадата во Скопје. Во одредени градови, властите предупредуваат дека пожарникарите немаат ниту основна заштитна опрема.