ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АА ги избра кандидатите за заменици министри за одбрана и земјоделие

АА ги избра кандидатите за заменици министри за одбрана и земјоделие

151

Елфете Исмаили како кандидат за заменик министер за одбрана и Флакрон Беџети кандидат за заменик министер за земјоделство се кадровските решенија на Алијанса за Албанците за овие позиции.

Од партијата информираат дека кандидатите биле едногласно избрани на денешниот состанок на раководството на АА.

-Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на Алијансата за Албанците во идната влада во рамките на VLEN ќе ја одразуваат долгоочекуваната промена, ќе бидат на чело на своите должности и во служба на граѓаните и во одбрана на нивните интереси.

Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната влада, велат од партијата.