ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

1188

Бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а за половина денар еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1). Ова денеска го одлучила Регулатнорната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), посочувајќи дека малопродажните цени на нафтените деривати, согласно методологијата за формирање на цените, се зголемува во просек за 1,14 отсто.

„Новата цена на еуросупер-95 ќе изнесува 81 денар за литар, 83 денари ќе чини литар еуросупер БС-98, 74 денари ќе биде новата цена на литар дизел, а 73 денари на екстра лесното масло“, се вели во соопштението од ЦУК.

Оттаму велат дека на светскиот пазар референтните цени на нафтените деривати во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,282 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,132 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,150 проценти и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,152 проценти.