ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Повреден Индиец додека растоварал песок на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Повреден Индиец додека растоварал песок на автопатот во изградба Кичево-Охрид

91

Во полициската канцеларија во кичевското село Извор, вчера околу 12:40 часот е пријавено дека повредено е едно лице.

-При изведување градежни работи-растовар на песок од товарно возило, на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на селото Лавчни, со повреди се здобил Ш.Л.(48) од Индија, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Тој е пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.