За само неколку дена се случи повторно тешка автобуска несреќа во Германија.
На автопатот 44 во покраината Северна Рајна-Вестфалија, ноќеска во несреќата се повредени над 20 лица.
Во автобусот биле околу 60 патници. Автобусот излетал од патот и се превртел, а во него имало и ученици од Варбург. Учениците се враќале од патување во Англија.
Има едно тешко повредено лице, но никој не е во животна опасност. Причината за несреќата сѐ уште се испитува.
Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица.