ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Нетпрес“: Кога обезбедувањето на Заев тепа, НИКОБ гледа, а МВР на Спасовски...

„Нетпрес“: Кога обезбедувањето на Заев тепа, НИКОБ гледа, а МВР на Спасовски молчи

239

На видео запис кој кружи на социјалните мрежи, прикажана е масовна тепачка во локал во Струмица, која се случила на 17.12.2023 година.

Имено, според информации на „Нетпрес“, станува збор за инцидент во млечниот ресторан „No 1”, лоциран на улицата „Младинска“ во Струмица, а во тепачката учествувал припадник на МВР, член на личното обезбедување на поранешниот премиер Зоран Заев.

Насилството е извршено над лицето Љ.Д. пред очевидци, меѓу кои и вработените во млечниот ресторан, кои повикале обезбедувањето.

Според наши извори, и обезбедувањето од агенцијата „Никоб” е физички нападнато од припадникот на МВР, а за тоа од страна на агенцијата не се доставени извештаи за настанот во согласност со законот.

Видеото може да го погледнете на Нетпрес или со клик ОВДЕ.

ПретходнаОперирале низ истокот на Македонија: Уапсени тројца малолетници во Кочани, осомничени за над 30 тешки кражби
СледнаМОНСТРУМ: Со нож ги убил екс сопругата и нејзината мајка, па мирно ја чекал полицијата