ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Доцна вечерва: Македонија доби ДВА нови министри – еве за кои станува...

Доцна вечерва: Македонија доби ДВА нови министри – еве за кои станува збор

312

Собранието денеска со 63 гласа „за“ ги избра Илир Демири за министер за здравство и Наим Бајрами за министер информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците.

Тие доаѓаат на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, откако минатата недела се случи внатрепартиски раскол околу настапот на претстојните парламентарни избори.

Разрешените министри се од крилото на претседателот на партијата Арбен Таравари, кој сака Алијанса за Албанците да коалицира со опозициските албански партии, додека новите двајца министри, како и министерот за правда Кренар Лога се од крилото на поранешниот претседател Зијадин Села, кој е за самостоен настап на изборите.

Веднаш по изборот, Демири и Бајрами дадоа свечени изјави. Опозицијата не беше во салата.

ПретходнаХорор во автобус на ЈСП: Голем инцидент и тепачка, скршен прозор – апел до партиите да ги СМИРАТ тензиите
СледнаТлото на Балканот не мирува: Доцна вечерва силен земјотрес во соседна Србија – ова се деталите