ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Со влегување на приватните енергетски инвестиции – граѓаните ќе плаќаат пониски сметки...

Со влегување на приватните енергетски инвестиции – граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за парно

321

Влезот на стратешките енергетски инвестиции кои утре треба да ги изгласаат пратениците преку неколку предлог закони ќе ја намали енергетската независност на земјата и можно е да донесе пониски сметки за парно греење, тврди претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски за „А1он“.

Во Собранието утре на пленарна седница се предлог законите за реализација на стратешките проекти: „Соларна електрична централа – Пехчево“, на стратешкиот инвеститор, ХЕК „Солар“ МК ДОО Негрево, Пехчево, вреден околу 51,9 милиони евра, Стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, на стратешкиот инвеститор, „Остро солар“ ДООЕЛ Скопје за изградба на фотоволтачна централа од 400 мегавати, вредна 270 милиони евра, инвестициски проект „Митилинеос“ за когенеративна постројка Скопје и стратешки инвестициски проект АИМ „Греен ТЕЦХ“, на стратешкиот инвеститор, АИМ „Греен Тецх“ ДООЕЛ Скопје со кој ќе се комбинираат соларна енергија, мотори на гас и можност з батерии за баланс во мрежата.

Од Здружението на инженери сметаат дека ваквите стратешки инвестиции треба да ги реализира државата и на пратениците им порачаа да не ги гласаат предлог законите на утрешната седница.

Барањето да ги гради државата овие централи за Бислимовски е легитимно, но вели дека и на овој начин граѓаните ќе добиваат пониски сметки за топлинска енергија и сметки за струја со стабилни цени.

– Поради ниската цена која на топлинската енергија која ќе ја произведува когенеративната централа ќе се зголеми интересот за приклучување на градското централно греење и ќе се ослободат количини што ЕСМ ги произведува на ниво од два блока во РЕК Битола. Овој концепт на приватни инвеститори се применува во Европа и според овој модел државата добива однапред утврдена цена што е пониска од онаа што ја има ЕСМ. Сега ЕСМ ја продава струјата на ЕВН хоме по цена од 58 евра за Mw/h, додека од стратешките партнери ќе изнесува 55 евра за Mw/h.

Во последните 33 години околу 85% од инвестициите во енергетиката се приватни. Државата ги направи само „Козјак“ и ветерната електрана во Богданци и тоа е се само 140MW. Приватните инвеститори инсталираа капацитет од околу 900MW, истакна Бислимоски за „А1он“.

ПретходнаЛоша вест за сите кои ги користат често авионите: Визер укинува голем број авиолинии во регионот
СледнаКадровската комисија на Алијанса бара да бидат разрешени министри од нивните редови