ПОЧЕТНА СВЕТ Само што се случи: Голем шок и удар за САД – Сирија...

Само што се случи: Голем шок и удар за САД – Сирија ги нападна во најголемата база, има загинати

1615

Најмалку пет борци на Сириските демократски сили (СДФ) беа убиени во напад со беспилотно летало врз американска база во источна Сирија.

„Пет члена на специјалната единица на СДФ беа убиени, а уште 20 се ранети“, изјави директорот на Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), Рами Абдал Рахман. Тој додаде дека беспилотните летала ја нападнале најголемата база на коалицијата предводена од САД во источна Сирија веднаш по полноќ.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламската група на отпорот. Оваа проиранска група се противи на американската поддршка за Израел во Појасот Газа.

Според Рахман, нападот погодил дел од СДФ внатре во базата. Тие додаваат дека тоа е прв напад на проирански групи врз американски бази по минатонеделните напади на американските сили во Сирија и Ирак.

Неофицијално, сите загинати се курдски борци.

Минатата недела, на 28 јануари, тројца припадници на вооружените сили на САД го загубија животот во напад со дрон врз база во Јордан, а повеќе од 40 други лица беа ранети. Вашингтон ги обвинува силите поддржани од Иран. САД во петокот одговорија со серија напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Коалицијата предводена од САД е во Сирија од 2014 година.

Сè уште има околу 2.500 припадници на вооружените сили на САД во Ирак и околу 900 во Сирија.

ПретходнаВеднаш проверете ги вашите сметки: Учениците и студентите добија неочекуван прилив на пари
СледнаЦелта за Нето-нула емисии на стакленички гасови на Јунајтед Груп доби одобрение од Иницијативата за научно засновани цели (SBTi)