ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Двајца браќа повеќе пати се заканувале на познат градоначалник во Македонија –...

Двајца браќа повеќе пати се заканувале на познат градоначалник во Македонија – ќе реагира МВР

68

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Арачиново.

– Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице – градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани дека ќе нападнат по неговиот живот и тело, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во седиштето на општина Арачиново, како и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот градоначалник.

Претходна(ВИДЕО) Сите во солзи: Тагата е огромна, почина најубавата жена на Боливуд, имаше само 32 години
СледнаПуштен на слобода Гани Марку, осомничен за двојното убиство во „Шиша бар“ и ликвидацијата на Оки во Грција