ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Ѓоковиќ првпат загуби полуфинале на Австралија опен, историски успех за Синер

Ѓоковиќ првпат загуби полуфинале на Австралија опен, историски успех за Синер

24

Новак Ѓоковиќ првпат во својата кариера загуби полуфинале на Австралија опен, Јаник Синер го доби мечот со 3-1 (6-1, 6-2, 6-7 и 6-3) и за првпат ќе игра финале на грен-слем турнир.

Перфектната низа на Новак Ѓоковиќ кога ќе стигне до полуфинале на Австралија опен денеска е прекината. Јаник Синер одигра неверојатен меч и заслужено дојде до веројатно својата најголема победа.

Ѓоковиќ лошо го почна мечот, правеше голем број на неизнудени грешки, Италијанецот ги доби првите два сета со 6-1 и 6-2.

Во третиот сет Ѓоковиќ го крена нивото, но Синер остана перфектен на своите сервиси. Мечот отиде во тајбрејк во кој српскиот тенисер спаси и меч топка, го доби со 8-6 и намали на 2-1 во сетови.

Во четвртиот сет клучен беше четвртиот гејм, Новак сервираше, имаше 40-0, кога Синер зема пет поени по ред и направи брејк за водство од 3-1. До крајот на сетот италијанскиот тенисер го задржа брејкот и го доби сетот со 6-3 за конечна победа од 3-1.

За тоа како играше Синер на овој меч, зборува фактот што Новак Ѓоковиќ немаше ниту една брејк топка.

Синер е првиот италијански тенисер кој ќе игра финале на Австралија опен и трет Италијанец кој ќе игра финале на грен-слем турнир во опен ерата.

Претходна„Виваком“ повторно е во топ-10 најбрзо растечки компании на глобално ниво за деловни сателитски услуги
СледнаАВМУ со поддршка за критичните медиумски гласови