ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ПРВИ ПРОБЛЕМИ: Ни ги земаат нивите за бадијала, за да градат пат,...

ПРВИ ПРОБЛЕМИ: Ни ги земаат нивите за бадијала, за да градат пат, а тие ни се единствениот извор на егзистенција

95

Ни ги земаат нивите за бадијала, за да градат пат, а тие ни се единствениот извор на егзистенција. Вака жителите на гостиварските села Горна и Долна Бањица се пожалија денеска, на петтиот протест против начинот на експропријација кој држаавата им го прави на 65 хектари земјоделско земјиште.

Тука поминува трасата на еден од автопатите на коридорот 8, кој го гради американската Бехтел и Енка. Жителите се жалат дека и по пет одржани протести, Владата е глува на нивните барања.

Иако најавија дека ќе ги блокираат работниците на Бехтел и Енка и нема да ги пуштат да работат, сепак жителите велат дека тоа не им било дозволено. Нивните ниви се одземаат, за тука да се изградат кампови за градежните работи на патиштата. Велат, цената од 650 денари за квадрат, по која Владата не обештетува, е потценувачка.

Од државни патишта нема промена на ставот, дека изградбата на нови патишта е од јавен интерес и се постапува по законски норми. Од таму велат дека предвидената траса и кампот се согласно урбанистичкиот проект, кој мора да се почитува, оти е одобрен од Владата и е дел од договорот со Бехтел и Енка. Жителите велат дека ќе протестираат и во следните два дена. Засега, ниту жалбите до Управниот суд не им донеле резултат.

Извор: 24.мк

ПретходнаРезултатите се видливи, граѓаните се задоволни, Николовски порача: Водиме грижа за сите, сметките ги намаливме на почетокот од годината
СледнаЏамбазов се најде во бугарските медиуми: И барал снимки на Драгана Спасовска – позната и причината