ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нема мирен сон за многумина: Силен земјотрес ги разбуди – западниот дел...

Нема мирен сон за многумина: Силен земјотрес ги разбуди – западниот дел од Македонија повторно во страв

239

Западна Македонија повторно во страв, од новиот земјотрес кој се случи во непосредна близина.

Силен земјотрес со јачина 4,6 степени доцна вечерва по полноќ е регистриран во Албанија.

Според првичните информации на ЕМСЦ кои се уште не се официјални и се обработуваат, земјотресот е регистиран во 00 часот и 17 минути и 51 секунда по локално време.

Епицентарот е на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во делови од Македонија.