ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА ПАДНА ОДЛУКА: Поевтинуваат дел од горивата, еве што соопшти регулаторна

ПАДНА ОДЛУКА: Поевтинуваат дел од горивата, еве што соопшти регулаторна

349

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.01.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 02.01.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ- 1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.01.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.

Бонус видео – Не е среќен оној кој многу има, туку оној на кој малку му треба

ПретходнаКУЌЕН ПРИТВОР за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски – бара неговиот адвокат Туфегџиќ
СледнаСЕ БАРА КРИМИНАЛ: Финансиска полиција влезе во М-НАВ!