ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Четири момчиња уценувале девојка: Да им даде пари – да не објават...

Четири момчиња уценувале девојка: Да им даде пари – да не објават нејзини фотографии, полицијата ги уапси

82

Приведени четворица малолетници од тетовско село бидејќи повеќепати ѝ земале пари на малолетничка, заканувајќи ѝ се дека ќе објават нејзини фотографии на социјалните мрежи.

На 16.12.2023 во периодот од 17.00 до 17.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПретходнаКолегите се простуваат од него: Почина еден од најпознатите новинари во Македонија
СледнаЗаврши гласањето во Србија – се обвинува за бројни нерегуларности