ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Одбраната без Сара Коларовска ни е „швајцарско сирење“: Македонија испушти водство од...

Одбраната без Сара Коларовска ни е „швајцарско сирење“: Македонија испушти водство од 2:0 и остана без победа во Бугарија

64

Бевме на чекор од победа, но уште еднаш се покажа дека без Сара Коларовска нашата одбрана е како „швајцарско сирење“ или во превод со дупки од многу страни, па Бугарките го искористија тоа и се спасија од пораз.

Женската македонска фудбалска репрезентација беше на праг до победа против Бугарија, но освои само бод (2-2) во четвртиот меч во групата Ц од Лигата на нации.

Гентијана Рочи беше стрелец на првиот гол за Македонија во 11. минута од натпреварот, а составот на Кирил Изов стигна и до втор гол преку Узла Максути во 62. минута, меѓутоа по црвениот картон на Сара Коларовска почнаа проблемите за нашата репрезентација.

Бугарија се врати во игра со погодокот на Леонора Желева во 85. минута, а дури во петтата минута од судиското надополнување Лора Петрова ги постави конечните 2-2.

Македонија ја заврши групната фаза со еден освоен бод на последната позиција, втора беше Бугарија со пет, додека Косово го освои првото место со 10 бодови.

ПретходнаЕскалација во Кочани: Нападнати екипи на ЕВН додека исклучувале дивоприклучени – полицијата на терен
СледнаПалчо се заканувал и на црковни лица, тврдат од Бигорски манастир и посочуваат дека помош имал од врвот на МПЦ-ОА