Разочаран маж од Сиднеј сака жена му да биде протерана од Австралија откако на полицијата и кажала дека тој ја истепал, а надзорните камери откриле дека сама си го направила тоа.
После осум месеци среќен брак, Фаисал почнал да се сомнева во мотивациите на својата мароканска сопруга Асме и да сфаќа дека можеби таму не е поради љубов.
Фаисал кој сопругата ја запознал преку муслимански сајт за запознавање, се обратил на адвокат и специјалист за визи.
Неговата сопруга го открила тој меил и во страв дека поради развод би можела „да лета“ од Австралија, смислила свиреп план.
Во разговор за A Current Affiar, Фаисал рекол дека една вечер во април си дошол дома и нашол потполно уништен стан. Открил дека го чекала сопругата и му рекла:“Мислиш дека си паметен бидејќи разговараш со адвокати за мене. Гледај што ќе ти направам сега јас на тебе“.