среда, 6 декември, 2023

(ФОТО) Зоки Фаци доцна вечерва се огласи од болница – упати порака до своите фанови: Заврши операцијата..

Познатиот естраден новинар и инфлуенсер Зоран Василевски заради сериозни проблеми со здравјето заврши во болница.

Како што самиот објави на Инстаграм, тој имаше операција, по што неколку дена ќе остане во болницата.

Тој се обрати во живо од Градска болница, од одделот за пластична хирургија, откривајќи дека е добро, дека се надева дека операцијата поминала одлично и дека цел ден спиел од анестезијата.

Зоки притоа им се заблагодари на сите за пораките што ги добива повторувајќи да не се грижат за него, дека гледа телевизија и дека си муабети со еден дедичко со кого е во собата.

Ве сакам сите и наскоро ќе излезам дома и ќе се дружиме, им порача Зоки на своите пријатели и бројни фанови.

„Се надевам дека карциномот е минато и дека нема да се вратам тука више никогаш“, порача тој во видеото.

Целиот текст на Гламур.мк – клик ТУКА.

Коментари

коментари