Каква лудница во Битола, каков ракометен епски натпревар. Двократниот европски шампион, тимот на Вардар покажа дека и покрај сите проблеми – ќе биде голем фаворит за освојување на титулата оваа сезона.
Иако Пелистер победи со 29-25, Вардар има предност од првиот дел со 30-25, поради што Вардар ќе остане на првата позиција во групната фаза.
На овој натпревар тренерот Владо Недановски поради вирус не можеше да смета на Петриќ и Родригез, а повеќето од играчите беа истоштени и евидентен беше нивниот проблем во играта. Еурофарм Пелистер тоа го искористи, уште на почетокот замина со 7-1 и ги казни сите брзоплети грешки во нападите на Вардар 1961.
Оттогаш, ривалот константно го бркаше домаќинот. Беше 9-3, а Вардар откако дојде на 11-7, промаши два напади за минус три, па со три гола во серија, Еурофарм Пелистер дојде на највисоки 14-7 во првото полувреме. Фактор икс во составот на пелистерци за Вардар беше и поранешниот „црвено-црн“ голман Калифа Гедбан, кој фати зицери и одбрани два пенали.
На полувремето Еурофарм Пелистер имаше 18-11, а на стартот на второто полувреме беше 23-14. На пет минути пред крајот вардарци се доближија на 27-21, а во драматичен финиш Ѓукиќ даде клучен гол за да го остави Вардар на врвот на табелата поради пораз од четири гола во Битола, а победа од пет гола во Скопје.