среда, 6 декември, 2023

Се бараат две илјади работници во Македонија, солидна плата – еве како да аплицирате

Продолжува презентацијата на профилите и критериумите за вработување во Бехтел&Енка и на плоштад Скендербег, плоштад Македонија и Капитол Мол во Скопје, процес кој ќе трае до 30 октомври.

Ве поканувам сите да ги посетите овие точки на презентација, да се информирате за можностите и да аплицирате, добивајќи професионален бенефит и станувајќи директен придонесувач во реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата, Коридорот 8 и 10Д, напиша првиот потпретседател на Владата Артан Груби на социјалните мрежи.

Новите 2.000 работни места во Bechtel & Enka се можност која не смее да се пропушти!

Продолжете да аплицирате со испраќање на вашето CV на hr@beuk.mk!

Коментари

коментари