четврток, 28 септември, 2023

Политиката во Македонија „гори“ од сите страни: Се огласи и Османи и откри дали се сретнал со Груевски

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија – Бујар Османи му одговори на Изет Меџит по обвинувањата дека тој наводно се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта за да разговараат за измени на Кривичниот законик.

„Еднаш рекоа дека Али Ахмети го сретнал, па рекоа – не, Артан Груби го сретнал, сега го имам сретнато! Можеби ќе погодат со четвртиот“, вели во својот одговор Османи

Ахмети: Кога Изет Меџити зборува лошо за ДУИ, како сопствената плунка да му паѓа на лице

„И јас ако плукнам нагоре, плунката ќе ми падне на лице. Ако Изет Меџити зборува лошо за својата куќа, тоа е слично со тоа да ти падне своја плунка на лице. Ако бил криминализиран ДУИ, тој беше 20 години во ДУИ, и требало поотворено да ми зборува на состаноци против криминалот или неправдата, или лошите рабооти кои се случувааат во ДУИ“ – вели лидерот на ДУИ.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, меѓу другото, беше прашан и „зошто дозволи едно негово политичко чедо, Изет Меџити, да си замине од ДУИ“. Ахмети одговара дека ако ДУИ е криминализирана партија, како што обвинува Меџити, тој требало поотворено да зборува со претседателот Ахмети против криминалот, неправдата или лошите работи кои се случувааат во ДУИ.

„Сега за Меџити да зборувам, испаѓа како да плукам нагоре. Што ќе се случи тогаш, плунката ќе ми падне на лице. Изет Меџити беше 20 години висок функционер на ДУИ. Се што ќе каже Меџити, личи на она што го кажав јас. И јас ако плукнам нагоре, плунката ќе ми падне на лице. Ако Изет Меџити зборува лошо за својата куќа, тоа е слично со тоа да ти падне своја плунка на лице. Ако бил криминализиран ДУИ, тој беше 20 години во ДУИ, и требало поотворено да ми зборува на состаноци против криминалот или неправдата, или лошите рабооти кои се случувааат во ДУИ“, рече Ахмети.

Коментари

коментари