четврток, 28 септември, 2023

Надал: Ѓоковиќ ќе беше фрустриран ако не е рекордер

Шпанската ѕвезда Рафаел Надал, вториот најтрофеен тенисер на сите времиња ги налити сите навивачи на неговиот голем ривал Новак Ѓоковиќ во интервјуто за „Мувистар плус“ околу рекордите кои ги поставува српската ѕвезда, моментно светски број еден.

Ѓоковиќ е најтрофеен тенисер со 24 гренслемови, два повеќе од Надал, четири од веќе пензионираниот Роџер Федерер, а со 390 недели на АТП е убедливо број еден тенисер по поминати седмици како светски рекет број еден. И за многумина Ѓоковиќ веќе е најдобар на сите времиња.

„Мислам дека Новак за таа гренслем-приказна живее некако многу поинтензивно во однос на мене или другите тенисери. За него би било голема фрустрација ако не е рекордер. Ние останатите многу поинаку гледаме на сите тие успеси и трофеи“, рече Надал.

За навивачите на Ѓоковиќ овие изјави дека јасен одраз на љубомора од шпанската ѕвезда, која веќе објави дека идната 2024 година ќе му биде последна во кариерата по што ќе ја заврши кариерата.

Коментари

коментари