четврток, 28 септември, 2023

Мицкоски тврди: Ако се изгласаат уставните промени – тоа ќе биде поради Груевски, тој може да им помогне во тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го обвини неговиот претходник Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени, пренесува „Дојче веле“ повикувајќи се на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Новинарот Михаел Мартенс за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) пренесува разговор под наслов „Постојано нови барања за Северна Македонија“, а кој го водел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со пристапот на земјата кон ЕУ.

„За да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови“, тврди Мицкоски за „ФАЦ“.

Според него, Владата планира да му вети кривична неказнивост на поранешниот прмиер Никола Груевски кој побегна во Унгарија за да избегне затворска казна. Како што додава Мицкоски, Груевски треба да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.

Коментари

коментари