Над 50 различни прехранбени производи од среда ќе бидат означени со етикета „Загарантирана цена“, мерка која има за цел да ги заштити потрошувачите од манипулација на трговците по претераните цени. Од 20 ноември на секое продажно место во земјава граѓаните ќе можат да купуваат млечни производи, пченични производи, месни производи и овошје и зеленчук поевтино за 10 отсто.
На листата подготвена од Министерството за економија се очекува да има млеко, сирење, кашкавал, компири, домати, пиперки, јајца, ориз, кромид, црвено и бело месо, риба, грав, брашно, масло, шеќер и разновидни други производи. Од петок нема да се дозволува акциска продажба.
Продолжуваат преговорите со производителите и дистрибутерите на безалкохолни пијалоци, за намалување на цените и на овие производи.
производителите и снабдувачите на пијалоци, од кои очекувам позитивна реакција дека во следната одлука, покрај хигиенските средства, и пијалоците ќе бидат вклучени“, вели Бектеши.
Министерот Бектеши ги повикува сите производители и трговци кои нема да бидат опфатени со владината мерка доброволно да се вклучат во акцијата за намалување на цените и да имаат можност да ја користат ознаката „загарантирана цена“. За оние кои сакаат да манипулираат, најавени се строги контроли и казни.