четврток, 28 септември, 2023

Непознаница е кој навистина барал амнестија

Кој и зошто барал амнестија од Пендаровски. Последната изјава која дојде од кабинетот на шефот на државата дека тоа се политички и безбедносни структури блиски до опозицијата денеска предизвикаа нова лавина од реакции кај партиите откако со сличен став излезе и владејачката СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак не задоволна од одговорот на Пендаровски денеска повторно со прашање до него да конкретизира кои се тие лица. Одговарајќи на новинарски прашања дали се бара амнестија за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски од најголемата опозициска партија денеска велат дека власта се обидува само да ги амнестира своите корумпирани функционери пред да замине во опозиција.

Од Кабинетот на Пендаровски пак денеска експресно возвратија на овие прозивки

– Секогаш кога се фатени во небрано ВМРО-ДПМНЕ наместо со факти се служат со навреди. Македонските граѓани многу добро знаат дека единствениот претседател во историјата на Македонија кој бил „фикус на власта „ беше предложен и 10 години поддржуван од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавно со статус на Ф.Б пак дали Али Ахмети е лицето кое барало помилување и амнестија за Никола Груевски прашуваше и лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

Случувањата со Кривичниот Законик но и последните со новиот закон за амнестија кој на некоја од наредните владини седници треба да биде разгледан пред и официјално да биде испратен во собраниска процедура во јавноста ги отвори прашањата кои се предмети што ќе застарат а ги водеше СЈО и во кои беа опфатени поранешни функционери меѓу кои и екс премиерот Груевски , екс шефот на УБК Мијалков и екс министерот Миле Јанакиески .

Со новите измени на КЗ меѓу предметите од кои Груевски најверојатно ќе куртули од казна затвор се Траекторија“, ТНТ делумно „Титаник“ за изборни измами, а едно дело му застарува и во „Талир“. Насилството во Општина Центар и за „Тенк“ се приближуваат до застарување.

Груевски беше осомничен и во предметот за организаторите на 27 април, ама истрагата против него беше сопрена, затоа што е во бегство. Измените на КЗ не го засегаат предметот „Плацеви на Водно“, кој се наоѓа пред Врховниот суд.

Новиот закон за амнестија кој пак се спрема ќе опфати над 200 затвореници од вкупно над 2000 ширум земјава со него нема да бидат опфатени оние кои се осудени на доживотен затвор, како и за кривичните дела убиство, мито и корупција, силување и семејно насилство, злоупотреба на службена должност или измама со пари од европски фондови.

„Амнестијата не се однесува на лица осудени за кривични дела против државата, против човечноста и меѓународното право“, се вели во текстот на предлог законот.

Во меѓувреме на социјалните мрежи за утре се најавува и протест на дел од студентите по право за да го изразат своето не задоволство од амнестијата со измените во кривичниот законик.

Коментари

коментари