Поранешната ѕвезда на Манчестер сити, Ријад Марез пред десетина дена имаше венчавка, па во средата играше пријателски натпревар за Алжир, а сега се бори за неговиот живот откако се отрул со храна.
Медиумите од Саудиска Арабија пишуваат дека фудбалерот на Ал Ахли се отрул со храна во еден ресторан по што бил пренесен во болница, каде што првите анализи покажале дека има бактерија во желудникот и состојбата е сериозна.
Животот на Марез во моментов е во опасност и дополнителните прегледи треба да покажат за каква бактерија станува збор и кои се следните чекори кои ќе ги преземат докторите.
Марез пред десетина дена се венчаше со Тејлор Ворд, а на свеченоста беа присутни и децата од претходниот брак на фудбалерот.
???وسائل اعلام سعودية
?اصابة #رياض_محرز بتسمم غذائي بعد تناوله وجبة باحد المطاعم المعروفة في جدة و نقله الى المستشفى
?رياض سيغيب عن مباراة فريقه الاهلي امام التعاون pic.twitter.com/N6M3s6sOfS— El Capitano⭐ (@spuerlilo) September 15, 2023