четврток, 28 септември, 2023

Русија нема да остане без одговор на непријателскиот чекор на властите на Северна Македонија, порача Захарова

„На 12 септември властите на Северна Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за персона нон грата. Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“, објави преку Х (Твитер) портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Како што веќе објавија повеќе медиуми, пренесувајќи текст на порталот на албански јазик Алмакос, македонското Министерство за надворешни работи ја известило Амбасадата на Русија дека троцја нејзини дипломати се прогласени за персона нон грата и дека тие имаат пет дена за да ја напуштат Македонија.

Портаралот одлуката на македонските власти ја дозна од извор во МНР, а од увидот во одлуката ги објави и нивните имиња – се работи за политичките советници И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и за аташето С.Попов, кои, како што било наведено, врешеле несоодветни за дипломатијата дејствија и сомнителни активности, спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи.

Изјавата на Захарова е потврда на веста во која уште беше информирано дека македонските власти протеруваат и свештеник на Руската православна црква.

Коментари

коментари