четврток, 28 септември, 2023

Познати имињата на 4 фудбалери на Реал Мадрид – кои со лисици на раце завршија во притвор, осомничени се дека силувале малолетничка

Четворица млади фудбалери на Реал Мадрид се уапсени утрово, под сомнение дека поседувале и споделиле видео од сексуален однос со малолетничка, пишува шпанскиот весник El Confidencial.

Наводно, мајката на малолетното девојче отишла во полиција да го пријави случајот откако снимката стигнала до неа.

Шпанија се уште е во шок по веста за апсењето на играчите на Реал Мадрид под обвинение дека споделиле сексуални снимки од малолетничката.

Според последните информации, полицијата привела четворица фудбалери, а сега е познат и нивниот идентитет.

Станува збор за Раул Асенсио (20), Алекс Алеман (18), Андреас Кампос (21) и Борха Алонсо (19).

Коментари

коментари