четврток, 28 септември, 2023

Се појави и првите фотографии од несреќата: Четири лица загинаа, повеќемина се тешко повредени

Во раните утрински часотви на патот од градничниот премин Евзони помеѓу Македонија и Грција, на пат кон Солун се случила страшна сообраќајна несреќа.

Според неофицијалните информации од терен, најмалку четири лица загинале, петмина се тешко повредени, а над десет лица полесно повредени.

Во несреќата учествувале две грчки патнички возила со грчки регистерски таблички и автобус од Ниш полн со туристи.

Возачот на патнички автомобил преминал на спротивната лента од ведро небо и се судрил со автобус што доаѓал.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале огромен број грчки служби за итна помош за да им укажат лекарска помош на повредените.

Коментари

коментари