Кошаркарската репрезентација на Германија е освојувач на златниот медал на СП во кошарка, победувајќи ја Србија во финалето со 83:77.
Првиот дел заврши нерешено, 47:47. Како одлучувачка се покажа 3/4 во која Германија 22:10. Иако успеа Србија да намали, немаше сили за комплетен пресврт во последните 10 минути.
Во последните четири минути беше видена голема борба на паркетот, но Србија одново влезе во серија грешки која најавуваше дека полека го губи големото финале.
Марко Гудуриќ промаши „тројка“ за израмнување на 78-78 во последните 45 секунди, а потоа Денис Шрудер постигна клучни поени и го постави конечниот резултат 83-77, за огромно славје на германските кошаркари.
Најефикасен играч на натпреварот беше со Шрудер со 28 поени, додека зад него беше Вагнер уште деветнаесет. Кај репрезентацијата на Србија најдобар поединец беше Алекса Аврамовииќ со 21 поени зад своето име, а Богдановиќ придодаде уште седумнаесет.