Македонскиот фудбалски тим Брера Струмица или на многумина позната и како Академија Пандев, направи уште еден одличен трансфер на играч од својот тим.
24-годишниот офанзивен фудбалер, Кристијан Велиновски својата кариера ќе ја продолжи во Азербејџан, во тимот на Сумгајит, кој има амбиции за излез во Европа на крајот од сезоната.
Велиновски во струмичка Брера одигра шест сезони, настапи на 113 натпревари, постигна 15 голови и имаше 14 асистенции.
Оваа сезона, имаше најави дека може да ја добие и капитенската лента, но клубот го продаде, затоа што му истекуваше договорот на крајот од сезоната, а од овој трансфер струмичани ќе добијат 100.000 евра.
Кристијан кој имаше понуди и од други клубови, се одлучи да го прифати амбициозниот проект во Азербејџан. Постигнат е договор на две плус една година.
Дел од неговите настапи во дресот на Брера може да погледнете на видеото во продолжение: