На 8 Септември ќе се одржи традиционалниот пикник Пеленица по повод независноста на Македонија.
Како што најавува организаторот Општинска организација на СДСМ Кисела Вода, традицијата продолжува со песна и со забава.
Договорени да пеат биле: Сузана Гавазова, Јордан Митев, Благоја Грујоски, Виолета Пандовска, Татјана и Новица, Мерак Меана, Адријана Кеш и Сања Барби.
Неколку часови по објава на настанот, се огласи Јордан Митев, кој го откажа својот настап:
-Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи.
За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда (четврток, 07ми септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8ми Септември во Пеленица -Скопје. Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано.
Бидејќи се чувстувам намерно или ненамрено изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8ми Септември во Пеленица. Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија, пишува Јордан.
Набрзо после тоа, од свој настап се откажа и Адријана Кеш, која напиша:
Почитувани, сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември. Во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано, рекламата ја видов утрово.
НЕ СУМ ПАРТИСКИ ОПРЕДЕЛЕНА ни ќе бидам, така да јавно се откажувам од овој настап за кој уште еднаш ќе кажам требаше да биде НАРОДЕН СОБИР, а не ПАРТИСКИ НАСТАП.
Останува да се види дали и некој од останатите 6 изведувачи, ќе се откаже од овој настан.