четврток, 28 септември, 2023

Побрзајте и подгответе се: Од вечерва нови цени на горивата

Според одлуката, новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 87 денари за литар, 89 денари ќе чини еуросупер БС-98, а еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава за 81 денар за литар
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи од полноќ да има нови цени на горивата во земјава.

Цената на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар. За 0,50 денари се зголемува цената на еуросупер БС-98, додека бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава по сегашната цена.

Промени има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС и таа од полноќ се зголемува за 0,094 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според одлуката, новата цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар, 89 денари ќе чини еуросупер БС-98, а еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава за 81 денар за литар.

Со одлуката на РКЕ од ноќеска на полноќ екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе чини 80,50, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 46,158 денари за килограм.

Коментари

коментари