петок, 29 септември, 2023

Утре во Скопје е најавен ПРОТЕСТ поради скандалот на Онкологија: Еве од колку часот и КАДЕ

На социјалната мрежа Фејсбук се споделува повик за протест кој ќе се одржи пред владата утре во 18 часот поради гневот и револтот кај граѓаните кој е растечки поради како што е наведено „криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за онкологија“. Протестот според најавата ќе продолжи од пред владата до Министерството за здравство.

На Клиниката за онкологија во Скопје, обвинителството и Министерството за внатрешни работи спроведоа предистражни дејства за да се утврдат евентуални обележја на кривични дела. Освен претресите спроведени на самата Клиника, претреси се направени и во два стана на вработени.

Одземени се компјутери и медицински истории од пациентите, кои што ќе се вештачат со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело.

Клиниката за Онкологија е потоната во буџетска дупка од 20 милиони евра. Пациентите се жалеа и кај народниот правобранител затоа што иако морало да има лекови набавени на тендер – ги немало. Една медицинска сестра во два наврати беше пријавувана за кражба на цитостатици но без судска разврска.

После 10 години, Државниот ревизор минатата 2022 година, влезе на Клиниката за онкологија да изврши ревизија. Ревизорите се затворија во просторија и проверуваа чудни дојави. На досиеја на починати пациенти од 2014 година, кои не беа затворени – се раздолжувале лекови години подоцна и тоа за различен тип канцер.

Констатирани се слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија.

Во период кога уште не е склучен договор од страна на Министерството, набавувани се лекови на реверс во износ од три милиони 972 илјади денари. Дел од вработените се распоредени на работни места кои не се предвидени со правилникот за систематизација на работните места.

Коментари

коментари