четврток, 28 септември, 2023

Албанците и Косоварите ја нападнаа својата Рита Ора – таа бакнуваше и се гушкаше со српско знаме (ВИДЕО)

Светски познатата пејачка Рита Ора, која има албанско потекло и е родена во Приштина, го носеше српското знаме на дел од својот настап на синоќешниот концерт во Сегед, Унгарија.

Штом видеото се појави на социјалните мрежи, Рита Ора реагираше и испрати изјава до медиумите во Албанија и Косово.

Пејачката објасни дека се е резултат на грешка.

Таа вели дека знамето ѝ го подарил млад обожавател од публиката и дека поради осветлувањето не можела јасно да види чие е знамето и во тој момент претпоставила дека тоа е унгарското знаме, поради што таа го зеде знамето.

Кога се симнала од бината, сфатила дека знамето сепак е српско.

Поради тоа што ова видео ги вознемири нејзините сонародници, пејачката реши да реагира.

„Сакам да кажам дека сум горда Албанка од Косово и немав намера да не го почитувам моето наследство, ниту да го вознемирувам мојот народ или семејство“, заклучи Рита Ора.


Коментари

коментари