четврток, 28 септември, 2023

Тигрите се во Дојранското езеро – се бара давеник (ФОТО)

Специјалните нуркачки единици од МВР Тигри се во Дојран и го бараат лицето кое денеска се удавило во водите на Дојранското езеро.

Според информациите денеска околу во водите на Дојранското Езеро, непосредно пред Градската плажа, се удавил граѓанин од Штип на возраст од 42 години.

За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1м длабочина.

Ова се првични информации од МВР, од каде што информираа дека денеска околу 11:30 часот било пријавено во СВР Струмица дека во Дојран едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило, а за настанот бил известен јавен обвинител.

Коментари

коментари