Славица Ангелова од Струмица привлече големо внимание во јавноста по триумфот во српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, освен информациите дека студира медицина, малку се знае за оваа талентирана девојка. Причината за тоа е што Славица во текот на натпреварот, па и по победата не сакала да открива детали од приватниот живот.
Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата признал дека во текот на натпреварувањето Славица имала емотивни проблеми, но ѝ забранил на победничката да зборува за нејзиниот љубовен живот.
Како што претходно пишуваше „Гранд“, Славица во текот на натпреварот се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бијело Поље, а љубовта се разгорела токму на менторските проби.
– Се запознаа на натпреварот, беа на „здраво-здраво“, а се зближија на менторските часови кај Ѓорѓе. Љубовта пламна речиси на прв поглед на пробите, иако тие се трудат да ја скријат од другите. Забележавме дека таму нешто се случува, но тие сѐ уште не сакаат да признаат – изјавил неодамна изворот и продолжил:
– Многу се слатки, млади се, но мислам дека се плашат да ја откријат врската бидејќи натпреварот сѐ уште трае.
Победничката има 21 година, додека нејзиниот избраник 24. Завршил фризерско училиште, а во слободно време сака да оди на риболов.
Вели дека е упорен, а недостаток му е тоа што е нетрпелив, додека како свој музички модел го навел Саша Матиќ, пренесува „Гранд“.