четврток, 28 септември, 2023

Лазаров не го платил интернетот, го исклучиле – вечерва не можеше да сними емисија: Најави кога продолжува со работа

Јутјуберот Стефан Лазаров се најде во големи проблеми, пред вечерашниот поткаст, кој воопшто и нема да се снима.

Причината за тоа е крајно необична.

Неколку часа пред почетокот на снимањето, Лазаров преку „стори“ откри дека заборавил да ја плати сметката за интернет за два месеци, поради што бил исклучен, но истакна дека се надева целата ситуација ќе ја спаси „5Г“.

Набрзо потоа најави дека се е во ред и започнува снимањето, но неколку минути потоа… интернетот направи проблем.

-Дури се препотив од нервоза. Заборавив да го платам интернетот, утре ако можам да средам, би сакале да го средиме во недела вечер. Знам дека е непрофесионално, немав дојдено неколку денови во студиото. Беше 21 часот кога приметив, немаше време кога да плата,- рече Лазаров.

Коментари

коментари