(ВИДЕО) Маж им помагал на патки да го поминат патот, налетал автомобил и го усмртил – голема трагедија за која зборува цел свет

Маж од Калифорнија загинал откако бил удрен од автомобил, а непосредно пред несреќата му помогнал на семејство патки да го преминат патот, соопшти локалната полиција, пренесе Си-Ен-Ен.

Кејси Ривара (41) го напуштил своето возило и им помогнал на патките да го преминат патот пред да го удри тинејџер возач во Роклин, околу 25 милји североисточно од Сакраменто, соопшти полицијата.

Еден сведок, Самер Петерсон, изјави за локалната соработничка на CBS News дека нејзините деца биле сведоци на несреќата.

„Тие рекоа: Тоа е толку слатко. Тоа е толку убаво од него. А потоа одеднаш го удри автомобил“, раскажува таа што се случило.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!