Упасен е 20-годишниот Србин кој пукаше во Македонец – на полицијата и открил зошто го сторил тоа: ДОЗНАЈТЕ И ВИЕ

Припадниците на српското МВР идентификуваа и приведоа маж кој пукал од пиштол и ранил две лица во улицата Максима Горки во белградската општина Врачар во текот на вчерашната вечер.

Според медиумите, приведен е Н. Ѓ. (20) кој е осомничен дека во понеделникот околу 19.40 часот во Врачар пукал од пиштол и ранил две лица.

Ранетите се А. П. (26) и македонскиот државјанин Д. Л. (21).

Од Брзата помош констатирале дека 26-годишен маж бил застрелан во натколеницата и со тешка повреда и обилно крварење е пренесен во Ургентниот центар на реанимација.

Истиот напаѓач пукал и во уште едно младо момче на возраст од 20 години, кое се обидело да побегне и со прострелна рана во грбот бил пренесен во Ургентниот центар.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!