Две млади момчиња се ранети во престрелка што се случила вечерва околу 19:40 часот во населбата Врачар во Белград.
Како што дознава Телеграф.рс, во престрелката биле ранети А.П.(26) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни кривични дела и Д.Л.(21), државјанин на Македонија.
Непознат напаѓач, кој е во бегство, го застрелал А.П., кога младиот човек бил во ресторан за брза храна.
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, напаѓачот излегол од притрчал до А.П. и од пиштолот испукал неколку проектили. Тој се здобил со прострелни рани во нозете, а Л.А. има повреди на грбот.
Двајцата ранети млади момчиња се пренесени во болница и според првичните информации не се во животна опасност.