ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Жена почина откако била прегазена од камион

Жена С.М.(58) починала во Ургентниот центар откако утрово била прегазена од камион ПУК „Градска Чистоќа“ во Скојевска населба, Белград.

Според првите информации, камионот за ѓубре се движел напред, жената се обидела да се пробие меѓу тоа возило и паркиран автомобил, а во тој момент камионот и прегазил преку ногата.

Меѓутоа, белградските медиуми јавија дека жената се лизнала и паднала под тркалата.

Во тој момент таа се здобила со повеќе повреди, меѓу кои и повреда на главата. Била свесна кога ја пренеле со возило на Брза помош, но, починала во Ургентниот центар, пишува Блиц.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!