За два часа ќе заработи 200.000 евра: Џенифер Лопез доаѓа во Србија, еве на каков настан е поканета

Џенифер Лопез наводно во мај ќе пристигне во Белград, а познатата пејачка била поканета на приватната прослава на српски милионер.

Латино дивата ќе биде на приватна забава на бизнисмен кој за тоа наводно платил 200.000 евра.

Овој српски бизнисмен и претходно организирал забави од овој тип, на кои присуствувале познати личности.

-На забавата е предвидено Џенифер да биде два часа. Сè е договорено преку нејзините агенти. Во цената е вклучен трансферот на пејачката, престојот и дружењето со славеникот и неговите гости.

-Познато е дека таа слетува на аеродром околу 18:00 часот. Од аеродромот до локацијата каде што ќе се одржи прославата е потребно еден час возење. Таму ќе остане околу час или два, по што ќе се врати во Америка.

-Нејзиниот тим не побара дополнителни услови, освен медиумите да не присуствуваат на настанот и гостите да не ја вознемируваат со разговори. Со неа нема да биде нејзиниот сопруг Бен Афлек, тоа е сигурно. Сите други детали за нејзиното доаѓање ќе бидат познати пред нејзиното доаѓање, изјавил извор српските медиуми.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!