Се судрија автобус и два автомобили, има повредени лица – Еве ги деталите

На 16.03.2023 во 07.10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксфаген пасат“, управуван од 45-годишниот Н.Р. од Камењане и „сеат кордоба“ што го управувал Б.С.(42) од тетовско Синичане, како и автобус „мерцедес“ со тетовски ознаки, паркиран од Р.Ф.(55) од Камењане.

-Во несреќата, возачот на возилото „кордоба“ се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира МВР.

На местото на несреќата увид извршиле екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!