среда, 6 декември, 2023

Издаден налог за апсење на Владимир Путин

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

МКС издаде налог за апсење на Путин под сомнение за нелегална депортација на деца и нелегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Исто така, беше распишана потерница за апсење на комесарката за правата на децата на рускиот претседател Марија Алексеевна Лвова-Белова.

Во соопштението на Меѓународниот кривичен суд се вели дека постојат разумни основи да се верува дека и Владимир Путин и неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, се одговорни за: Воено злосторство, илегална депортација на населението и нелегално преселување на население од окупираните територии на Украина, на штета на украинските деца.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари