Од денеска нови цени за млечните производи и тестенини

Од утре се замрзнуваат на цените на тестенините и на млекото и млечните производи. Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши по претходно извршените анализи за ваквиот чекор и разговорите со увозниците и производителите на кои им остави рок до утре сами да ги намалат цените.

Бектеши најави дека во иднина ќе продолжат пресметките за да се види дали може да има намалување на цените и на другите производи.

„Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени, не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде што ќе ни покажуваат анализите дека имаат поголеми профити или пак маржи од тоа што е редовно, што значи дека над 10 посто ќе има намалување во делот на тестенините, во делот на млечните производи ќе оставиме до утре, зашто гледам и самите ги намалуваат а ги повикувам до утре да направат исти чекори како што направија одредени компании.“, рече Бектеши.

Во однос на најавената тужба на пекарската индустрија, Бектеши со иронија прашува за што ќе биде тужбата дали за одлуката на Владата или за тоа што работа спротивно на законските одредби.

„Ќе не тужат за одлуката или ќе не тужат за тоа што направиле прекршоци согласно Законот. Значи вака, јас очекував, да бидам искрен две тужби од страна на Здружението на мелничарите. Едната е за тоа што добиле прекршочни казни и да се жалат. И втората е само за да го покријат тоа што го направија, а слободно нека тужат, ги повикувам да тужат.“, изјави Бектеши.

По одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари пекарите со оценка дека ваквиот потег е неуставен и дека загубата за нив до 31 мај ќе биде над 4,5 милиони евра. Најавија дека битката ќе ја продолжат на суд од каде што ќе бараат отштета за проценетата штета.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!