УЖАС: Му дал пари на мајстор пред да сработи, оттогаш ниту го видел ниту го чул

Кавадарчанец му дал 16.000 денари на лажен мајстор, оттогаш ниту го видел ниту го чул.

-На 17.02.2023 во ОВР Кавадарци, 53-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари, информираат од МВР.

Според пријавеното во МВР, лицето го побарало на телефон и се договориле да му изврши градежни работи на куќа во кочанско село, набргу лицето повторно му се јавило и побарало од него на такси возач да ги даде парите за да врати долг на лице во Чашка, а кога ќе се сретнат ќе му ги врател, откако ги дал парите лицето повеќе не му се јавувало, по што сфатил дека е измамен, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!