Страшна несреќа се случи откако автобус со фудбалери пропаднал во провалија.
Според првичните информации кои ги јавуваат тамошните медиуми телата се уште не се идентификувани, но се знае дека во моментот на несреќата во автобусот се наоѓале возачот, членови на стручниот штаб и фудбалери.
Фудбалскиот клуб Вила Марија Хелена од Бразил го погоди страшна трагедија откако автобус полн со млади фудбалери на овој клуб се преврте во провалија од десет метри.
Според бразилските медиуми, потврдени се четири жртви, а 29 се повредени.
Несреќата се случила на патот „БР-116“ на мостот на реката Анг.
Автобусот требало да ги пренесе младите фудбалери до Дука де Касилјас.
Тројца од загинатите се млади, додека еден е постар. Телата се уште не се идентификувани, но се знае дека во моментот на несреќата во автобусот се наоѓале возачот, членови на стручниот штаб и фудбалери на возраст од 14 до 17 години.
Клубот се враќал од турнир на кој го освоиле првото место. Најголемите бразилски клубови веќе испратија пораки на солидарност.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Извор: Канал 5